Од страна на УНДП и Министерство за локална самоуправа се имплементира проектот ,,Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво”, во рамките на кој ќе се врши мапирање на потенцијалите за развој на туризмот во рамките на Источен плански регион.
На ден 29-ти септември 2017 година (петок), во хотел „Изгрев“ во Штип Центарот за развој на Источен плански регион организираше работилница за изготвување на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам во ИПР.
Во рамките на оваа активност за Источниот плански регион ќе биде изготвен Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам.
Како прв чекор за спроведување на активноста се утврди потребата од изготвување на Регистар / Листа на постојни документи за туризам на регионално и локално ниво. Како втор чекор за спроведување на активноста се утврди потребата од потполнување на Матриците / Евидентна листа на локална туристичка понуда. БДС (Balkan Development Solutions) заедно со своите експерти работат на изготвувањето на Регистар на потенцијалите за развој на руралниот туризам.
На оваа работилница заинтересираните претставници ги претставија своите резултати, дадоа насоки, и ги прегледаа најважните прашања од регистарот.
На настанот присуствуваа претставници од: општините, ЛЕР ооделенија, јавните претпријатија, НВО, хотелиери, тур.агенции, Центарот за развој на Источен плански регион, eксперти до БДС, Македонско еколошко друштво, асоцијации на земјоделци, фармери и останати заинтересирани страни.
Теми на настанот беа:
- Вовед во целите и задачите на работилницата, како и на изготвувањето на регистарот;
- Преглед на листата на туристичката понуда, со дискусија;
- Квалитативна анализа – оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР и
Оценка на факторите за руралниот туризам во ИПР.
No comment yet, add your voice below!