Обласната Администрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020, изработуваат заедничка Регионална Стратегија за енергетска ефикасност 2020 за регионот Благоевград и Источниот плански регион. Во рамки на Регионална Стратегија за ЕЕ 2020 ќе бидат изработени и детални анализи за енергетска ефикасност за следните 8 јавни објекти во двата региони:
- Административната зграда на Регионална дирекција на шумите во општина Благоевград;
- Административната зграда на Националниот Парк Рила;
- Административната зграда на Регионалната инспекција за животна средина и води во општина Благоевград;
- Административната зграда на Регионалната служба за вработување во општина Благоевград;
- Општинско Основно Училиште “Ванчо Прке” – Општина Штип;
- Општинско Основно Училиште “Никола Карев” – Општина Пробиштип;
- Општинско Средно Училиште “Ацо Русковски” – Општина Берово и
- Општинско Средно Училиште “Методи Митевски Брицо” – Општина Делчево.
За изработка на Регионалната Стратегија за ЕЕ 2020 е ангажираната професионална консултантска фирма “АРЕН" ДOOEЛ од Софија, која во месеците мај/јуни 2018 година изврши теренски посети на сите јавни објекти кои се вклучени во документот.
Ова е прв заеднички проект на Центарот за развој на Источен плански регион и Регионалната Администрација Благоевград.
No comment yet, add your voice below!