На 29 јуни 2018 година (петок), Центарот за развој на Источен плански регион и Регионалната Админинстрација Благоевград оддржаа завршна прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.
Центарот за развој на Источен плански регион, како водечки партнер во Проектот ГРЕЕН на завршната прес конференција ги промовираа резултатите постигнати во рамки на проектот ГРЕЕН пред предствници од општините во состав на двата региони, медиумите и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион.
На прес конференцијата свое обраќање за значењето на Проектот имаа:
Г-дин Николчо Илијев, Градоначалник на Општина Кочани и Претседател на Советот за развој на Источен плански регион;
Г-дин Бисер Михаилов, Управител на Благоевградската област во Република Бугарија;
Г-дин Вулнет Арифи од Секторот за ЕУ при Министерството за локална самоуправа, национален орган на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка 2014-2020;
Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центар за развој на Источен плански регион и Финансов експерт во Проектот и
Г-дин Денис Жерновски-Тим лидер на проектот.
Главна цел на настанот беше присутните гости да се запознаат со постигнатите резултати во рамки на проектот ГРЕЕН како што се:
- Реконструкција на Административната зграда на Општина Кочани за зголемување на енергетска ефикасност-променета енергетска класа од D во класа B;
- Реконструкција на Административната зграда на Обласната Администрација Благоевград зголемена енергетска ефикасност-променета енергетска класа D во класа С;
- Спроведени обуки за климатски промени и мерки за намалување на последиците од климатските промени и “зелена инфраструктура”;
- Организирана промотивна кампања со користење специјална мобилна лабораторија и мобилна канцеларија за учениците од основните училишта од општините Штип, Кочани и Берово;
- Организирани две тематски работилници за учениците од средните училишта во општина Благоевград;
- Изработена регионална стратегија за енергетска ефикасност
- Изработени информативни материјали, Веб страна (www.cbc-green.com) и Facebook страна (https://www.facebook.com/ProjectGREEN038/) за проектот;
- Поставени билборди во прекуграничниот регион
- Организирани четири прес конференции за проектот во Источниот плански регион и регионот Благоевград.
Вкупниот буџет на проектот е 408.680,66 ЕУР.
Ова е прв заеднички проект на Центарот за развој на Источен плански регион и Регионалната Администрација Благоевград.
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија
No comment yet, add your voice below!