ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Потпишан Договор за реализација на проекти за развој на плански региони за 2018 година

20.07.2018
Потпишан Договор за реализација на проекти за развој на плански региони за 2018 година

images novosti 2018 2018 07 18 1 Потпишан Договор за реализација на проекти за развој на плански региони за 2018 годинаНа 9 јули 2018 година во просториите на Владата на Република Македонија, беше потпишан Договор за реализација на проекти за развој на планските региони за 2018 година. Проектите се финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, во вкупна вредност од 196 милиони денари.

images novosti 2018 2018 07 18 2 Потпишан Договор за реализација на проекти за развој на плански региони за 2018 годинаПреку оваа Програма, во Источниот плански регион ќе се финансираат два проекта: за изградба на детска градинка и изградба на пешачки мост на река Брегалница.

images novosti 2018 2018 07 18 3 Потпишан Договор за реализација на проекти за развој на плански региони за 2018 годинаЗа изградбата на детската градинка во населба Сењак во Општина Штип, беше потпишан и договор за заедничка реализација со Градоначалникот Благој Бочварски. Покрај средствата од националниот Буџет, обезбедено е и кофинансирање од општината во висина од 55% во вкупниот буџет за реализација на проектот.

images novosti 2018 2018 07 18 4 Потпишан Договор за реализација на проекти за развој на плански региони за 2018 годинаИзградбата на пешачки мост на река Брегалница во Општина Делчево, исто така, ќе се реализира со средства од националниот Буџет и со кофинансирање на општината во висина од 14%. Овој проект ќе започне со реализација по завршувањето на постапката за доделување на договор за јавна набавка за изградба на детската градинка во Општина Штип.

Реализацијата на овие проекти ќе придонесе кон поттикнување на развојот на општините и на планските региони и отворање нови перспективи на граѓаните.

Сподели ја објавата