На 15 октомври 2018 година (понеделник), Регионалната Админинстрација Благоевград и Центарот за развој на Источен плански регион оддржаа завршна прес конференција за промоција на резултатите на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.
На свечениот настан присуствуваа Министерот за локална самоуправа на Р. Македонија, Г-дин Сухејл Фазлиу, Министерот за регионален развој и јавни работи, Г-ѓа Петија Аврамова, Претседателот на Советот за развој на Источен плански регион и Градоначалник на општина Кочани, Г-дин Николчо Илијев, градоначалници од прекуграничниот регион, претставници на Заедничкиот Технички Секретаријат од Ќустендил и над седумдестина учесници, претставници од локални и регионални институции во состав на прекуграничниот регион.
На настанот беше истакнато значењето од спроведување на ваков тип на проекти реализирани со прекугранична соработка и беа презентирани податоци кои покажуваат дека ИПА е најуспешната и најискористената програма кај нас што докажува дека субјектите ги имаат зајакнато своите капацитети како за подготовка така и за реализација на проекти.
На прес конференцијата свое обраќање за значењето на проектот и програмата имаа:
Г-дин Бисер Михаилов, Управител на Благоевградската област во Република Бугарија и домаќин на настанот;
Г-ѓа Петија Аврамова, Министер за регионален развој и јавни работи во Р. Бугарија;
Г-дин Сухејл Фазлиу, Министер за локална самоуправа во Р. Македонија;
Г-дин Николчо Илијев, Претседател на Советот за развој на Источен плански регион и Градоначалник на Општина Кочани;
Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центар за развој на Источен плански регион, водечки партнер и Финансов експерт во Проектот и
Г-а Красимира Крумова, Кординатор на проектот од страна на Обласната Администрација Благоевград.
Главна цел на настанот беше присутните гости да се запознаат со постигнатите резултати во рамки на проектот ГРЕЕН како што се:
- Реконструкција на Административната зграда на Обласната Администрација Благоевград зголемена енергетска ефикасност-променета енергетска класа D во класа С;
- Реконструкција на Административната зграда на Општина Кочани за зголемување на енергетска ефикасност-променета енергетска класа од D во класа B;
- Спроведени обуки за климатски промени и мерки за намалување на последиците од климатските промени и “зелена инфраструктура”;
- Организирана промотивна кампања со користење специјална мобилна лабораторија и мобилна канцеларија за учениците од основните училишта од општините Штип, Кочани и Берово;
- Организирани две тематски работилници за учениците од средните училишта во општина Благоевград;
- Изработена регионална стратегија за енергетска ефикасност;
- Изработени информативни материјали, Веб страна (www.cbc-green.com) и Facebook страна ( https://www.facebook.com/ProjectGREEN038/) за проектот;
- Поставени билборди во прекуграничниот регион;
- Организирани прес конференции за проектот во Источниот плански регион и регионот Благоевград.
Вкупниот буџет на проектот е 408.680,66 ЕУР.
Ова е прв заеднички проект на Центарот за развој на Источен плански регион и Регионалната Администрација Благоевград.
Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија
No comment yet, add your voice below!