Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со спроведување на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој веќе 6-та година се спроведува во Источниот плански регион.
На 22 октомври 2018 година во просториите на општина Пробиштип се потпиша Договор за спроведување на инцијативата за номинација на Геопарк Лесново за член на Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.
Договорот беше потпишан помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион, како стратешки партнер, Фармахем, како национален координатор на Програмата, и општините Пробиштип и Кратово во чии територии влегува подрачјето на идниот Геопарк Лесново.
Во периодот кој следува ќе се врши избор на експерти кои што ќе го истражат подрачјето на двете општини и ќе ги определат точните граници на геопарк Лесново. Понатаму, ќе се формира и раководно тело кое во иднина ќе управува и ќе го развива Геопарк Лесново, за што е потребна поддршка од општините во избор на квалитетни и квалификувани лица. Истовремено, ќе се реализираат и дополнителни содржини кои што ќе придонесат кон зголемување на вредноста на подрачјето.
No comment yet, add your voice below!