Skip to content

ДАТУМ

февруари 9, 2019

Категории

Потпишан Договор за „Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево“

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со спроведување на активности преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од Фармахем.

Воспоставувањето на етно-еко паркот во општина Чешиново-Облешево е еден од приоритетите во Стратегијата за развој на туризмот во Источниот плански регион и е препознаен како потенцијал кој е во согласност со начелата на Програмата за зачувување на природата во Македонија –  зачувување на природните ресурси во брегалничкиот регион преку промоција на принципот на нивно одржливо управување.

Преку реализацијата на овој проект ќе се уредат две површини во општина Чешиново-Облешево и тоа, доуредување на постојниот парк на белиот штрк во с. Чешиново, и комплетно нови површини во с. Соколарци.

Комплексноста на проектот подразбира поставување на урбана опрема, поставување на инфо куќи и набљудувачници за птици, детска опрема на двете локации, бројни активности во вид на меки мерки кои ќе имаат за цел да допрат до локалното население, како и поддршка во организацијата на настанот „Меѓународен ден на штркот“.

Се очекува градежните работи да бидат завршени до месец мај како би можело да бидат целосно ставени во функција на „Меѓународен ден на штркот“, настан кој што во месец јуни ќе го организира општина Чешиново-Облешево како домаќин на селата кои влегуваат во мрежата на Европски села на штркови.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy