ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево

09.02.2019
Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево

images novosti 2019 06.17 11 Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-ОблешевоЦентарот за развој на Источен плански регион во соработка со Општина Чешиново-Облешево продолжува со спроведување на активности преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

images novosti 2019 06.17 12 Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-ОблешевоПреку реализацијата на проектот „Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево“ доуреден е постојниот парк на белиот штрк во с. Чешиново со урбана опрема, инфо-куќички и набљудувачници за птици, детски забавни реквизити и макета на белиот штрк, а комплетно новите површини со истите содржини во с. Соколарци се во финална фаза на реализација.

images novosti 2019 06.17 13 Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-ОблешевоРеализацијата на сите предвидени активности во рамки на проектот се финансирани од страна Швајцарската агенција за развој и соработка и кофинансирање од страна на Општина Чешиново-Облешево и се во висина од околу 10 милиони денари.

images novosti 2019 06.17 14 Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-ОблешевоУредените паркови површини во с. Чешиново беа промовирани за време на 16-тиот состанок на мрежата на Европски села на штркови, дводневен настан во организација на Општина Чешиново-Облешево каде учество земаа претставници од 15 земји-членки на мрежата.

Сподели ја објавата