ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

21.02.2019
Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот  „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

images novosti 2019 03.04 1 Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Првата  форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 20.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започнува со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.

images novosti 2019 03.04 2 Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Имајќи ја во предвид потребата за подобрување на капацитетите на центрите во подготовката, управувањето и имплементацијата на иновативни регионални проекти како и  зголемување на транспарентноста и одговорноста на регионалните совети се пружа одлична шанса во координација  и соработка со релевантните засегнати страни приватниот сектор, академската заедница, и граганското општество да се одлучува  за она што е приоритет и потреба во регионот.

images novosti 2019 03.04 3 Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Една од активностите на овој проект е токму организирација на форумски сесии.

images novosti 2019 03.04 4 Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Вкупниот буџет наменет за реализирање на оваа активност, а кој што ке биде доделен на успешните плански региони изнесува 842.000,00 CHF, односно 45.658.000,00 денари чие доделување ке биде согласно Одлуката за степенот на развиеност на планските региони за квалитетни предлог проекти. Средствата што нашиот регион може да ги обезбеди се на максимален износ  од  95.158 CHF, за проекти од областа на туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија.

images novosti 2019 03.04 5 Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 20.02.2019 (среда) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“Во рамките на првата  форумска сесија се дискутираше за проблеми кои го засегаат регионот и се нудеа решенија од кои  произлегоа проектни идеи/концепти за предлог проекти. Во наредните сесии од овие концепти за предлог проекти, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд, а на последната сесија ќе се даде повратна информација за реализацијата на избраниот / избраните форумскиот проект/и и препораки.

Сподели ја објавата