Skip to content

ДАТУМ

јули 16, 2019

Категории

Воведување на работа за проект „Изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница“

На ден 15.07.2019 година во општина Берово се означи почетокот на градежните работи за реализација на проектот „Изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница“.

На воведувањето во работа покрај претставниците од Центарот за развој на Источен плански регион, беа присутни и министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на Берово Звонко Пекевски.

Средствата потребни за реализација на овој проект се обезбедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година во висина од околу 6 милиони денари од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, додека пак остатокот во висина од околу 1 милион денари се обезбедени од Буџетот на општина Берово.

 

Крајниот рок за завршување на градежните работи е заклучно со месец октомври 2019 година по што се очекува да се добие комплетно уредена и осветлена пешачко-велосипедска патека, поставена урбана опрема и детско игралиште.

Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе кон збогатување на туристичката понуда на општина Берово со дополнителни содржини кои што ќе обезбедат подобро претставување на овој крај како атрактивна туристичка дестинација.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy