На ден 20.11.2019 година се одржа дванаесеттата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Штип.
На Седницата беше избран новиот претседател на Советот за развој на Источен плански регион со мандат од 2 години, градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски.
Покрај изборот на новиот претседател на Советот, на Седницата се дискутираа и други важни теми за развојот на регионот, при што произлезе предлогот за поднесување на инцијатива до Владата за обезбедување на средства во буџетот за 2020 година за изградба на ски центар на Царев Врв.
No comment yet, add your voice below!