ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Одржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

25.11.2019
Одржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

images novosti 2019 11.25 4 1 Одржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинацијаЦентарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

На 22 ноември 2019 година во Штип се одржа иницијалниот состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источниот плански регион како туристичка дестинација.

images novosti 2019 11.25 4 2 Одржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинацијаНа состанокот беа присутни апликантите кои беа селектирани како подобни согласно критериумите за аплицирање, како и менторите кои што ќе ги водат апликантите низ процесот на изработка на бизнис плановите.

images novosti 2019 11.25 4 3 Одржан иницијален состанок за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинацијаВо текот на идниот период апликантите ќе поминат обука за изработка на бизнис план и главните предизвици при водење на бизнис, при што во финалната фаза на евалуација ќе бидат склучени договори за имплементација на концепт-идеите со апликантите чиишто бизнис планови ќе се покажат како одржливи и изводливи.

Главната цел на оваа активност е да ја зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизниси во насока на развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегија за развој на туризмот во Источниот плански регион со акционен план (2016-2025).

Сподели ја објавата