ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во Виница

18.05.2020
Започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во Виница

images novosti 2020 05.14 kulturen dom vinica 1 Започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во ВиницаЦентарот за развој на Источен плански регион и надзорниот инженер од МЦ-Инженеринг од Виница на 13 мај 2020 година го воведоа во работа изведувачот Техника ДООЕЛ Радовиш, со што и официјално започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во општина Виница.

images novosti 2020 05.14 kulturen dom vinica 2 Започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во ВиницаПроектот се реализира со средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година обезбедени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, со дополнително кофинансирање од страна на општина Виница.

Со завршувањето на градежните работи објектот кој се наоѓа во централното градско подрачје ќе добие комплетно нова фасада, кино салата и сцената ќе добијат нов лик, ќе се направи целосна реконструкција на фоајето и тоалетите, како и ќе се направи замена на обработките на ѕидовите, плафонот и подот. Културниот дом „Тошо Арсов“ ќе биде опремен и со соодветна мултифункционална опрема, која ќе овозможи организација на најразлични  културно-забавни настани.

images novosti 2020 05.14 kulturen dom vinica 3 Започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во ВиницаСтавањето во целосна функција на културниот дом „Тошо Арсов“ ќе помогне во подигнувањето на капацитетот на населението во Источниот плански регион за развој на туризам преку организација на најразлични настани за јакнење на свеста и анимација за зачувување на културното и природното наследство во регионот.

Вкупната вредноста на проектот е околу 16 милиони денари, а се очекува реконструкцијата да заврши до ноември 2020 година.

Сподели ја објавата