На 05 мај 2020 година се потпиша договорот за изведба на работите за „Реконструкција на културен дом „Тошо Арсов“ во општина Виница, помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и изведувачот Техника ДООЕЛ Радовиш.
Проектот е во вредност од околу 16 милиони денари и ќе се реализира со финансиски средства обезбедени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, како и дополнително кофинансирање од страна на општина Виница.
Со реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во Виница ќе се изврши модернизација на целиот објект и ќе се добие нов лик, како и набавка на опрема потребна за одржување на најразлични културни манифестации.
Со реализацијата на овој проект ќе се создадат можности за развој на културниот туризам и ќе се придонесе кон зголемување на капацитетот на регионалната соработка преку заедничко промовирање на регионот низ активности од областа на културниот туризам.
No comment yet, add your voice below!