Skip to content

Потпишување на договот и воведување во работа, проект „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица – Берово”.

ДАТУМ

октомври 6, 2020

Категории

На 05-ти октомври 2020 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за јавна набавка на работи за: „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица – Берово” согласно Договорот за реализација на инвестицискиот проект од Грантовата шема на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“.

Фирмата која го доби тендерот за јавна набавка на работи е „Градежник Инг Доел увоз – извоз Берово“ во вкупна вредност од 7.371.597,57 денари со вклучен ДДВ.

Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Воедно, Центарот за развој на Источен плански регион ги започна градежните активностите за проектот „Доградба и реконструкција на Дом за стари лица – Берово”.

Изведувачот „Градежник Инг Доел увоз – извоз Берово“ се очекува да го заврши проектот за околу 2 месеци.

Целта на проектот е реконструкција со адаптација на постоечкиот објект и доградба на помошна просторија (котлара) со што ќе се зголеми капацитетот за сместување на 10 стари лица од регионот. Воедно грижа за старите и изнемоштени лица, како и прилагодување кон новите предлог законски мерки за заштита на стари лица.

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy