ДАДЕТЕ ИДЕЈА

Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици

24.09.2020
Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици

 images novosti 2020 09.24 1 Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станициБизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Источен плански регион,  организира обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици на ден 23.09.2020 година (среда) во х. Изгрев Штип.

Вакви Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина во ИПР беа поставени во сите општини од регионот.

images novosti 2020 09.24 2 Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станициСо овие агрометеоролошките станици ќе им се обезбедат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и да ги планираат сите агротехнички мерки што треба да ги преземаат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат станиците ќе ги мерат температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Во тек е изработка на веб-платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.

images novosti 2020 09.24 3 Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станициСредствата на проектот се обезбедени преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. 

 

 

 

 

 

images novosti 2020 09.24 4 Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станициimages novosti 2020 09.24 5 Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици images novosti 2020 09.24 8 Обука за користење и десиминирање на информациите од Агрометеоролошките станици

 
 

Сподели ја објавата