Поради состојбата со КОВИД 19 пандемијата и големиот број на новозаразени во Источниот плански регион, беше донесена одлука и Втората форумска сесија да се реализира со спроведување на електронски прашалник, но и да се организира онлајн средба преку ZOOM платформата за учесниците во пополнувањето на прашалникот и рангирање на предлог концептите.
Втората форумска сесија се одржа во периодот 01-03.12.2020 година, со помош на Google Form алатката беше организирано пополнување на прашалникот, а истиот по пат на електронска пошта беше доставен до учесниците во Првата форумска сесија, заедно со објаснување за процесот и петте предложени концепт-решенија.
Прашалникот го одговорија вкупно 83 лица и притоа се водеше сметка за родовата еднаквост на испитаниците, така што 43,40% од лицата кои што го одговорија прашалникот беа жени, а 56,60% мажи.
Резултатите од реализираниот прашалник беа презентирани и дискутирани заедно со присутните на организираниот виртуелен состанок на ZOOM каде што беа и дадени препораки за подобрување на содржината на концепт-решенијата.
Анализа на Втора форумска сесија
No comment yet, add your voice below!