Skip to content

ДАТУМ

декември 9, 2020

Категории

Финалната конференција за изработка на Програмата за развој на Источен плански регион 2020-2024, на 03.12.2020 година

На ден 03.12.2020 година се одржа финалната конференција за изработка на Програмата за развој на Источниот плански регион 2020-2024 која се одржа онлајн на виртуелната платформа ZOOM со почеток во 11.00ч. На средбата учестуваа 50 учесници: Градоначалници – членови на Советот за развој на Источен плански регион, вработени во Центарот за развој на Источен плански регион, претставници на Министерство за локална самоуправа, Биро за Регионален Развој и други министерства, донаторската заедница, засегнати страни од Источен плански регион (претставници на општини, јавни институции, приватен и граѓански сектор), и др.

Цел на Финалната конференција беше презентирање на Програмата за развој на Источен плански регион 2020 – 2024 и прибирање на забелешки, предлози и коментари.

Процесот на изготвување на Програмата за развој на Источниот плански регион е поддржан од Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој се спроведува со поддршка на швајцарската Агенција за развој и соработка во Македонија. 

 

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy