Skip to content

ДАТУМ

јуни 17, 2021

Категории

Одржана обука на тема „Искористување на дигиталните алатки за промоција и привлекување туристи“

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот 15-16.06.2021 година организираше дводневна обука на тема „Искористување на дигиталните алатки за промоција и привлекување туристи“, втор дел од активноста 3 – Програма за јакнење на капацитетите на претставниците на локалните самоуправи и туристичкиот сектор за можностите кои што произлегуваат од употребата на дигиталните технологии. Оваа обука е поддржана од проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“ кој е кофинансиран од Европската Унија преку ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија –Македонија. Низ дводневната обука учесниците имаа можност да ги спознаат придобивките од современите технологии за подобрување на туристичкото искуство и зголемување на бројот на туристи, како и да се запознаат со веб платформата и мобилната апликација кои беа изработени во рамките на проектните активности. Обуката опфати дваесетина учесници од двете страни на границата, коишто со оддвоено физичко присуство ја следеа обуката, меѓусебно поврзани со виртуелни комуникациски алатки. Предавач на обуката беше вон. проф. д-р. Дејан Методијески од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy