Отворен е првиот музеј за ретки минерали во општина Пробиштип.Проектот е финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој и ко-финансиран од општина Пробиштип, со вкупна вредност од 9.196.040,00 денари.Музејот во форма на кристал е со површина од 108 м2, во него се изложени над 250 минерали, соберени во текот на повеќе децении од Осоговскиот масив и пошироко од регионот.Со реализацијата на проектот даваме придонес во презентација на автентичноста, уникатноста и вредноста на минералите, како природно наследство, непроценливо и значајно за регионот.Источниот плански регион од денес има збогатување на регионалната туристичка понуда, која нема да ги остави рамнодушни посетителите.
ДАТУМ
јуни 30, 2021
Категории
Отворен е првиот регионален музеј за ретки минерали во општина Пробиштип
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!