Успешно е реализиран проектот за уредување на Црнодолскиот водопад во туристичка населба “Рамна Река” во општина Пехчево.Проектот е финансиран преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година, со вкупна вредност од 6,5 милиони денари, се овозможи Црнодолскиот водопад да стане пристапен и достапен за посетителите.Со проектот се изврши пробивање и уредување на безбеден поплочен пристап до водопадот во должина од 870 метри, изведена е платформа за набљудување на неговите убавини, поставени се модуларни мостови, уредени се повеќе места за одмор и рекреација, летниковци, информативни табли и останти содржини.Со проектот даваме придонес во збогатување на туристичката понуда во регионот, посетителите ќе имаат можност да уживаат во природните убавини на Малешевијата.
ДАТУМ
јуни 30, 2021
Категории
Збогатување на туристичката понуда во Малешевијата
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!