Центарот за развој на Источен плански регион на ден 30.08.2021 година во Народното читалиште „Георги Тодоров 1885“ во општина Белица ја одржа завршната прес конференција по проектот „Културен мост низ вековите“. На завршната прес конференција присуствуваа претставници од проектниот тим, општина Белица, медиуми, како и претставници на проектниот партнер од општина Штип, Република Македонија.
На завршната прес конференција беа претставени реализираните активности од проектот, како и резултатите од спроведените обуки и работилници. Градоначалникот на општина Белица г-н Радослав Ревански, градоначалникот на општина Штип д-р Сашко Николов и градоначалникот на општина Кочани г-н Николчо Илијев ја пресекоа црвената лента за отворањето на новото реконструираното Народно читалиште „Георги Тодоров 1885“ во Белица.
Посетителите го посетија Народното читалиште, и имаа можност да ја истражат Белица преку Информативниот киоск кој се наоѓа во Народното читалиште.
Домаќинот на настанот ги прошета гостите од Македонија во Паркот за танцувачки мечки како и во Rila Fun park.
Проектот „Културен мост низ вековите“ е кофинансиран од Европската Унија во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – С. Македонија, се реализираше во период од 24 месеци, со вкупен буџет од околу 400.000 евра.
No comment yet, add your voice below!