Центарот за развој на Источен плански регион како регионална точка за поддршка на социјални претпријатија, на 18ти ноември (четврток) на Градскиот плоштад во Штип го организираше првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Источниот регион.
На саемот, во организација на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“, своите производи и услуги ги презентираа и понудија 20 социјални претпријатија и граѓански организации кои се занимаваат со некоја економска активност.
Проектот „Поддршка на социјално претприемништво“, поддржан од Европската Унија, има многу важна улога во спроведувањето на концептот на социјалното претприемништво како алатка за социјална инклузија и одржлив локален развој во земјава. Проектот го спроведува Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Саемот е дел од серијата промотивни настани за социјалните претпријатија кои ќе се одржат во сите региони низ земјава.
На инфо средбата присуствуваше градоначалникот на општина Штип г-дин Иван Јорданов, г-ѓа Барбара Садовска, тим лидер на проектот, раководителот на ЦРИПР г-ѓа Зујица Ангелова како и претставници од локалните самоуправи, јавни институции од регионот, социјални претпријатија, НВО и сл.
No comment yet, add your voice below!