Центарот за развој на Источен плански регион и Сд Транс од с. Звегор – Делчево, на ден 10.01.2023 година, потпишаа Договор за „Рехабилитација на пат во м.в. Долни Бавчи во општина Делчево со должина од 1000 метри и ширина од 4,5 метри”, кој е дел од проектот „Подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба на пристапни патишта во подрачјата со земјоделска дејност и обработлива површина во Источен плански регион”.
Со рехабилитацијата на овој земјоделски пат ќе им се овозможи на земјоделците полесен пристап до 500 ha обработлива површина. Инаку патот во м.в. Долни Бавчи го поврзува индустрискиот дел на градот со обработливите површини, истиот израснат со вегетација, подлогата е од земја и за време на врнежи станува непрооден. Со договорот е предвидено да се изврши негово чистење, проширување, и тампонирање.
Вредноста на Договорот изнесува 1.170.855,00 денари со вклучен ДДВ и истиот треба да биде реализиран до средината на месец Април 2023 година.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство од „Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 година“ .
No comment yet, add your voice below!