Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на проектот “Подобрување на туристичката сигнализација и инфраструктура во Источен плански регион – Електрификација, оградување и поставување на туристичка сигнализација на археолошки локалитет Баргала“, кофинансиран од Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година и Општина Карбинци.
На 22 февруари 2023 година во општина Карбинци се потпиша Договорот за вршење на градежни работи за реализација на проектот со изведувачот ТМ ДОО Штип со вкупна вредност на договорот од 6.026.719,00 денари со вклучен ДДВ, се потпишаа и договорите за вршење на археолошки и конзерваторски надзор со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип со што и официјално Изведувачот беше воведен во работа.
Со проектот се предвидува:
- Поставување на електрично декоративно осветлување на археолошкиот локалитет Баргала;
- Оградување на археолошкиот локалитет Баргала и
- Поставување на 19 инфо табли низ локалитетот.
Проектот треба да се реализира најдоцна до 22.08.2023 година.
No comment yet, add your voice below!