Новоизградениот градски пазар во општина Делчево и официјално е пуштен во употреба.
Со реализацијата на овој проект се даде значителен придонес во создавањето на услови за подобар пласман и промоција на земјоделските и занаетчиските производи, како и за зголемување на обемот на трговија со други видови на производи и услуги.
Општина Делчево, како најголема општина во микро-регионот Малеш-Пијанец, претставува економски центар, голем број на земјоделци и занаетчии гравитираат кон општината воедно и близината со соседна Република Бугарија ја прави истата атрактивна дестинација за Бугарските граѓани.
Објектот градскиот пазар со отворен и затворен дел има површина од 2410 м2, содржи продажен простор за земјоделски производи, 192 продажни пунктови и 18 дуќани.
Втората фаза од изградбата на современиот градски пазар е имплементирана од страна на Центарот за развој на Источен плански регион со вкупен буџет од 28,5 милиони денари, финансиски поддржана од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година со индикативно планирани средства за 2022 година, финансирана од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој и ко-финансирана од страна на општина Делчево како краен корисник на проектот.
ДАТУМ
јуни 24, 2023
Категории
Официјално отворање на Градскиот пазар во општина Делчево
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!