Советот за развој на Источен плански регион, на ден 10.08.2022 година, во општина Чешиново – Облешево, ја одржа XI (Единаесетата) Седница.
На Седницата се разгледуваа следниве Информации:
- Информација за тековни активности на Центарот за развој на Источен плански регион;
- Информација за склучување на Договор за заедничка реализација на проектот „Изработка на технички документации за унапредување и промоција на конкурентските предности на Источен плански регион“;
- Информација за склучување на Договор за заедничка реализација на активноста „Одржување на агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина во ИПР“;
- Информација за склучување на Договор за дополнителни средства за финансирање на задачите и активностите на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година.
No comment yet, add your voice below!