Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следните мерки:
Мерка 1. Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства.
Мерка 7. Диверзификација на фармите и развој на бизниси
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерката „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“.
Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 годинина денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области и 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите мерката „Диверзификација на фармите и развој на бизниси “.
4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 октомври 2023 година
5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ изнесува 18.893.333,33 евра или 1.171.764.533,33 денари, додека за мерката 7 „Диверзификација на фармите и развој на бизниси “ 11.400.000,00 евра односно 707.028.000,00 денари.
Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства или Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 или мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2023 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
No comment yet, add your voice below!