Skip to content

ДАТУМ

ноември 27, 2023

Категории

Потпишани договори за реализација на регионални проекти за развој на Источниот плански регион за 2023 – 2024 година

На 27 ноември 2023 година, Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Рамиз Реџепи и Директорот на Центарот за развој на Источен плански регион Г-ѓа Зујица Ангелова, ги потпишаа Договорите за финансирање на регионални проекти за развој на Источниот плански регион. Средствата во висина од 49,6 милиони денари се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Истовремено, обезбедени се и средства во висина од 6.3 милиони денари, ко-финансирање од страна на општините, крајни корисници во проектите. Во 2024 година во Источниот плански регион ќе се работи на:
  1. Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во 5 (пет) општини од Источниот плански регион. Во рамки на проектот ќе бидат инсталирани 2 фото напонски централи во општина Штип, 3 фото напонски централи во општина Карбинци, 3 фото напонски централи во општина Кочани, 1 фото напонска централа во општина Виница и 3 фото напонски централи во општина Македонска Каменица. Со проектот ќе бидат опфатени 13 јавни објекти од регионот.
  2. Збогатување на туристичката понуда во Источниот плански регион. Во рамки на проектот се предвидува изградба на 3 (три) пешачко-велосипедска патека на Беровско Езеро, доуредување на барски екосистем Езерце во општина Пехчево – III фаза, изградба на рекреативен комплекс во с. Пишица, Општина Пробиштип и  поплочување на улици во автентичен стил во населба Ново Село – II фаза.
  3. Подобрување на условите за развој на туризмот во Источниот плански регион со обезбеден дел од средства ќе биде резервен проект за овој програмски период.
Дополнително, од заштедените средства од Програмата за развој на планските региони за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, беше потпишан и анекс на Договорот за реализација на проектот “Подобрување на условите за развој на планинско – рекреативен туризам – Уредување на СРЦ Пониква”. Целта на Програмата за рамномерен регионален развој е подобрување на благосостојбата во сите осум плански региони, намалување на регионалните диспаритети и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата. Средствата ќе бидат максимално и одговорно искористени – сé со цел одржлив развој на регионот и подобар живот за граѓаните на Источниот плански регион!

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy