Skip to content

ДАТУМ

март 5, 2024

Категории

,

Одржана XV (Петнаесетта) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 04.03.2024 година, во општина Карбинци, ја одржа XV (Петнаесетта) Седница.

Советот ја утврди Листата на Предлог – Проекти за развој на Источен плански регион, за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година, при што проектите од Листата ги рангира по приоритет и тоа.

  1. Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР);
  2. Унапредување на енергетската ефикасност во регионот  преку замена на јавно улично осветлување со ЛЕД осветлување (Smart Led Lighting Project);
  3. Унапредување во заштитата на животната средина преку опремување со возила за собирање на смет и за одржување на јавна хигиена во регионот;
  4. Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион.

Советот едногласно го усвои Годишниот Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2023 година.

Советот ја одобри Комуникациската стратегија на Центар за развој на Источен плански регион за 2024-2026.

На седницата, Советот ги донесе и следниве Одлуки:

  • Одлука за преотстапување на изграден објект „Електрификација, оградување и поставување на туристичка сигнализација на археолошки локалитет Баргала“;
  • Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година;
  • Одлука за давање на позитивно мислење и усвојување на завршната сметка на Проектот ,,Одржив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза” за 2023 година.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy