Половина од граѓаните не знаат дека општините им нудат услуги онлајн Програмата за развој на Oбединетите Hации (УНДП) спроведе истражување за обемот на искористеноста на е-услуги во институциите во зeмјата. Според истражувањето, 86% од граѓаните никогаш не користеле е-услуга на општината, наведувајќи различни причини. Најголем дел (48%) не знаеле дека услуги кои се добиваат на шалтер можат да се добијат и онлајн. Во прашалникот, како причини за слабата искористеност на е-услугите дел од испитаниците навеле и дека поедноставно им е да појдат во општинските канцеларии (15%), како и технички предизвици при користењето (12%). Дигиталната трансформација на општините не само што нуди подобри услуги за граѓаните, туку и помага во намалување на трошоците и ризиците за корупција. Еден од примерите за успешна дигитализација е платформата за е-услуги, ЛОГЕС, првиот софтвер во државата за услуги на локално ниво. Развиен од УНДП, овој софтвер веќе функционира во 25 општини и нуди услуги во секое време, секаде во светот каде што има интернет конекција. ЛОГЕС осигурува безбедно онлајн плаќање и добивање на услугата од општината веднаш, по електронски пат, без да се помине ни минута во општинската зграда. Нашата општина во соработка со УНДП и Центарот за развој на Источен плански регион преку платформата е-услуги на граѓаните им нуди 20 (дваесет) онлајн услуги, но бројот може да се зголеми соодветно на потребите на граѓаните, затоа што ЛОГЕС има опција за воведување нови услуги.
Со имплементацијата на платформата за е-услуги ЛОГЕС се збогатува понудата на услуги кои ги нуди општината по електронски пат, како пристап до податоци од јавен карактер, плаќање данок, аплицирање за одобрение за градба, поставување на прашања до градоначалникот или советот и слично. До платформата за е-услуги може да пристапите преку следниот линкот |
ДАТУМ
март 19, 2024
Категории
Дигитализирани општини во Источен плански регион
Споделeте:
Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram
No comment yet, add your voice below!