Советот за развој на Источен плански регион, на ден 28.03.2024 година, онлајн на виртуелната платформа ZOOM, ја одржа XVI (Шеснаесеттата) итна Седница.На Седницата Советот донесе:
- Одлука за усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2021-2026 за 2023 година;
- Одлука за одобрување на Образецот за евиденција на развојните потенцијали на планските региони од значење за регионалниот развој за 2023 година, пополнет од страна на Центар за развој на Источен плански регион;
- Одлука за усвојување на текст на Договор за дополнителни средства за финансирање на задачите и активностите на ЦРИПР за 2024 година.
No comment yet, add your voice below!