Советот за развој на Источен плански регион, на ден 01.11.2024 година, во општина Пехчево, ја одржа XVIII (Осумнаесеттата) Седница.
Советот за нов претседател го избра Г-дин Борчо Коцев – Градоначалник на општина Зрновци.
На Седницата Советот даде Согласност за вработување / Известување за обезбедени финансиски средства и донесе Одлука за отпочнување на постапка за избор на директор.
Советот дискутираше за актуелната состојба со депониите во Источен плански регион и зазеде единствен став да се испрати Иницијатива до надлежните институции со цел нивно вклучување во надминување на алармантната ситуација која произлегува од доцнењето на реализацијата на проектите „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ и „Затворање на нестандардни и диви депонии во Источниот регион“ и од Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за начинот на работа и постапување со постојните локации за отстранување на отпад и определување на временските локации за отстранување на отпад до периодот на изградба на регионалната депонија за Источниот и Североисточниот регион.
Советот беше информиран за статусот на проектите финансирани од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година.
На Седницата Советот донесе и:
- Одлука за преотстапување на изграден објект „Доуредување на барски екосистем езерце – III фаза“;
- Акционен план за 2025 година за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2021 -2026 година;
Одлука за позајмица на средства за реализација на Проект „EcoScape“.
No comment yet, add your voice below!