Skip to content

ДАТУМ

ноември 21, 2024

Категории

Работилница „Развој на социјални услуги во Источен плански регион“

„Центарот за развој на Источен плански регион е домаќин на „Работилница за Советите на социјална заштита“.

Работилницата ќе се одржи на 27.11.2024 г. (среда)  со почеток во 10 часот.

Согласно проектираните цели на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“ и потребата од ефективна имплементација на целите и начелата на политиката за поттикнување на рамномерниот регионален развој од одредбите на Законот за рамномерен регионален развој, предвидено е организирање и одржување на работилници на тема „Развој на социјални услуги во планските региони“ во сите осум плански региони.

Преку планираните работилници ќе се работи на: – Зголемување на соработкатa меѓу Министерство за локална самоуправа, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Бирото за регионален развој во насока на постигнување рамномерен, одржлив и инклузивен регионален развој; – Остварување кохезија во социјалниот развој на планските региони преку воспоставување и испорачување на регионални социјални услуги; – Идентификување на потреба за унифицирање на друга документација неопходна за следење, споредба и евалуација на социјалниот развој во планските региони; – Креирање на предлог формат за документот „Предлог за потребата од развивање на социјални услуги во планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите во Источен плански регион“; – Идентификување на можности за обезбедување на механизам за финансирање на регионалните социјални услуги преку соработка на Центарот за развој на Источен плански региони и Советот за социјална заштита на Источен плански регион.

На работилницата треба да присуствуваат членовите на Советот за социјална заштита на ИПР, како и претставници од општините во рамки на ИПР кои работат во унапредување на локален економски развој и социјала. Учество можат да земат и други лица кои може да придонесат кон квалитетот на работилниците (на пример членови на општински совети за социјална заштита, претставници на институции, локални експерти, претставници на граѓански оранизации, даватели на социјални услуги, итн).

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy