Skip to content
DSC_5337

ДАТУМ

септември 26, 2025

Категории

Одржана прва дводневна обука за подготовка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035)

Во периодот од 24 – 25 септември 2025 година, во Хотел ИЗГРЕВ Штип, се одржа првата дводневна обука за изработка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и Општина Гоце Делчев, Република Бугарија.

На првата дводневна обука, учествуваа околу 30 претставници од јавни, образовни и невладини организации во рамки на Источниот плански регион.

Учесниците имаа можност да се запознаат со методологијата за изработка и со основните принципи на концептот „зелен град“.

Што е зелен град, урбан метаболизам, решенија базирани врз природата, како и за праведна урбана транзиција.

Во рамки на обуката, посебен дел беше посветен на регулаторната рамка, политиките, законодавството, обврските и останатите процеси.

Учесниците, преку интерактивни вежби развија визија за трансформација на заедниците преку одржлив и инклузивен урбан развој и се генерираа конкретни идеи кои може да се вградат во локалните и регионални развојни стратешки документи.

Изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура е финансирана во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, финансиски подржан од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram