Во периодот од 01-02 октомври 2025 година, во Хотел ИЗГРЕВ Штип, се одржа втората дводневна обука за изработка на Заедничка стратегија за зелена инфраструктура (2025 – 2035) за Источен плански регион и Општина Гоце Делчев, Република Бугарија.
На втората дводневна обука, учествуваа околу 30 претставници од јавни, образовни и невладини организации во рамки на Источниот плански регион.
Учесниците имаа можност да се запознаат со алатки за приоритизирање на проекти, иницијативи и активности со посебен акцент на матрица на критериуми, партиципативно рангирање и за големи регионални проекти со алатката на cost-benefit анализа.
На работилницата пред учесниците се презентираше и нацрт верзијата на визијата, стратешките цели и приоритети на идната Заедничка стратегија за зелена инфраструктура за Источен плански регион (2025-2035).
Изработката на првата Стратегија за зелена инфраструктура е финансирана во рамки на проектот: “ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА УРБАНИТЕ ДЕЛОВИ СО ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА” ECOSCAPE BGMK0300060, финансиски подржан од Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА Бугарија-Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027.



