Skip to content
1

ДАТУМ

октомври 6, 2025

Категории

Учество на ИНИЦИЈАЛНА ВОВЕДНА СРЕДБА за проект: ACTAge

Проектот „Активни центри за стареење: Подобрување на социјалното, физичкото и менталното здравје за благосостојба на старите лица – ACTAge“, официјално започна во Санта Круз де Тенерифе, Шпанија, каде под покровителство на Водечкиот партнер во проектот – Генерален директорат за стари лица и активно учество на Влада на Канарските Острови, во периодот од 24.09.2025-26.09.2025 година, се одржа Иницијална воведна средба за проектот.

На транснационалната средба учествуваа претставници од Центарот за развој на Источен плански регион кој е еден од 10-те партнери вклучени во проектот, кои во рамки на Програмата Interreg Europe 2021–2027, поставија за цел воспоставување на мултидисциплинарен пристап и подобрени политики насочени кон грижата за старите лица преку промовирање на активно и здраво стареење.

Беше презентиран политичкиот инструмент во грижата за стари лица на Водечкиот партер – Законот 3/1996 и се разгледаа можностите за негово подобрување, се работеше на проектна координација, се дефинираше работниот план на проектот, се разменија искуства.

Претставниците на партнерките институции во проектот учествуваа на теренски посети преку кои се запознаа со европските практики за активно стареење и  позитивните здравствени концепти и нивното значење за проектот.

Беа идентификувани проблемите со кои се соочуваат партнерите при имплементацијата на проектот и беа дефинирани насоки за понатамошна успешна имплементација.

Се одржа и  работилница на тема  „Здрави заедници“ на која учесниците се запознаа со концептот урбанизам, уредување на јавни површини и одлуки на заедницата во полза на благосостојба на населението и активно стареење.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram