Skip to content
Потпишан договор за реализација на проект „Реконструкција на планинарски дом Црн Врв“

ДАТУМ

октомври 11, 2025

Категории

Потпишан договор за реализација на проект „Реконструкција на планинарски дом Црн Врв“

Со потпишувањето на договорот за изведба на работи, Центарот за развој на Источен плански регион официјално започна со реализација на активноста за реконструкција на планинарскиот дом Црн Врв во Општина Пробиштип.

Во моментот објектот е во лоша состојба, но по реализацијата на овој проект ќе биде целосно обновен. Ќе се задржи постојниот изглед и распоред, со приземје и поткровје. Во приземјето ќе има трпезарија и мала кујна, а на катот ќе се уреди простор за спиење и за одржување на помали работилници или средби. Планинарскиот дом е со капацитет за сместување на десетмина посетители и ќе биде целосно опремен за подолг престој. Предвидено е поставување на нова кровна конструкција, енергетски ефикасна фасада и нова столарија. Објектот ќе добие и соларен систем за користење на обновлива енергија, резервоар за вода од 2000 литри, бензински агрегат и монтажен тоалет. Воедно, ќе биде поставена и урбана опрема во дворната површина на објектот од типот на летниковец, клупи и маси, а ќе се набави и планинарска опрема од типот на стапови за планинарење, вреќи за спиење, хамоци и шатори.

Со оваа инвестиција, Осоговските Планини ќе станат уште попривлечно место за планинарите, велосипедистите и љубителите на природа. Реконструкцијата на домот ќе придонесе не само за развој на туризмот, туку и за зачувување и промоција на природното богатство на регионот.

Вкупната вредност на инвестицијата е околу 5.300.000,00 денари со дополнително обезбедени средства од општина Пробиштип од околу 725.000,00 денари. Избраниот изведувач на градежните работи е Евроградба Инженеринг и истиот градежните работи треба да ги заврши до крајот на 2026 година.

Реконструкцијата на планинарскиот дом ќе се реализира во рамките на проектот „Интегриран развој на препознатлив културен и close-to-nature туризам во Источен плански регион и регион Благоевград“ кој што е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, во рамките на Interreg VI-A IPA програмата за прекугранична соработка со Бугарија.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram