Skip to content
ActAge 27.3.2026 (1)

ДАТУМ

март 27, 2026

Категории

Одржан прв состанок на Одборот на засегнати страни на проектот „Активни центри за стареење: Подобрување на социјалното, физичкото и менталното здравје за благосостојба на старите лица – ActAge“

На 27.03.2026 година се одржа Првиот состанок на Одборот на засегнати страни во проектот „Активни центри за стареење: Подобрување на социјалното, физичкото и менталното здравје за благосостојба на старите лица“.

Проектот се фокусира да ги промени политиките за нега на стари лица и обезбеди на креаторите на политики рамка за интегрирани политики кои ќе им овозможат на постарите лица еднакви можности и ќе водат достоинствен, активен и значаен живот.

Имајќи ја предвид природата на проектот, како засегнати страни беа идентификувани Министерството за социјална политика, демографија и млади, Центрите за социјална работа од Источниот плански регион и општините Берово, Пробиштип и Штип.

Присутните претставници на засегнатите страни се запознаа со идејата и целите на проектот, досегашните реализирани активности на Центарот за развој на Источен плански регион и партнерите во проектот, се споделија искуства и добри практики кои што беа препознаени во презентациите над другите партнери во проектот, како и следните чекори во имплементацијата на проектот.

Дискусијата беше во насока на кои услуги моментално се нудат на возрасните лица, со какви проблеми и пречки се соочуваат институциите при извршување на нивните задачи и обврски, што треба да се направи за да се подобри благосостојбата на старите лица и кои мерки и активности треба да бидат преземени во иднина.

Проектот ActAge се имплементира со финансиски средства од ЕУ, во рамките на Програмата Interreg Europe

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram