Skip to content
Одржани три јавни расправи во Источниот плански регион за презентација на Нацрт - извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион

ДАТУМ

јуни 15, 2026

Категории

Одржани три јавни расправи во Источниот плански регион за презентација на Нацрт – извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион

Центарот за развој на Источен плански регион во периодот од 10-12 јуни 2026 година, организираше три јавни расправи за презентација на нацрт – извештајот за  стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион.

Преку јавните презентации сите заинтересирани страни, учесници во процесот како и населението од Источниот плански регион имаа можност подетално да се запознаат со Регионалниот план за управување со отпад (РПУО), со тековните активности кои се спроведуваат во рамки на РПУО и со содржината на нацрт – извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на РПУО.

На 10 јуни 2026 година (среда) беше одржана јавната расправа во Сала на Совет на Општина Штип за општините Штип, Карбинци и Пробиштип.

На 11 јуни 2026 година (четврток) се одржа јавна расправа во Сала на Совет на Општина Виница за општините Виница, Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци и на 12 јуни 2026 година (петок) се одржа јавна расправа во Сала на Совет на Општина Берово за општините Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица.

Се известува засегнатата јавност, дека на веб страната на Центарот за развој на Источен плански регион www.eastregion.mk, на следниот линк https://eastregion.mk/2026/05/28/javna-rasprava-po-naczrt-izveshtajot-za-strategiska-oczena-na-zhivotnata-sredina-od-sproveduvane-na-regionalniot-plan-za-upravuvane-so-otpad-za-istochniot-i-severoistochniot-region/

е објавен  Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, изработен во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион” (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), и по истиот може да се доставуваат забелешки од страна на сите заинтересирани лица, најдоцна до 25.06.2026 година на следните е-маил адреси: eastregion@eastregion.mk и на trajce.zdravkov@eastregion.mk.

Воедно, Ве информираме дека нацрт – извештај за стратегиска оцена на животната средина  од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион се достапни и во печатена верзија во работните простории на Центарот за развој на Источен плански регион – Штип, седиште ул: Ванчо Прке бр. 119, 2ри кат, 2000 Штип.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram