Министерството за култура и туризам го започна процесот на изработка на Национална Стратегија за развој на туризмот на РСМ за период 2027 – 2032 година.
Со цел вклучување на што поголем број на претставници од локалните и регионални чинители од Источниот плански регион во процесот на планирање за наредниот 5 (пет) годишен период, Ве покануваме да земете активно учество на првата регионална работилница што ќе се оддржи на 03.07.2026 година (петок) во Општинскиот Мултимедијален Центар “Киро Глигоров” – Штип, со почеток во 11:00 часот.
Целта на работилницата е да се обезбеди активно вклучување на претставници од сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот во креирањето на стратешките насоки за развој на туризмот, преку идентификација на локалните потенцијали, предизвици, приоритети и развојни можности.
Вашето учество е од особено значење за успешно креирање на сеопфатна и реална Национална стратегија за развој на туризам која ќе ги одразува потребите и приоритетите на локално и регионално ниво.
Ве молиме потврдете го Вашето учеството на работилницата на е-маил: tatjana.boskov@ugd.edu.mk , најдоцна до 01.07.2026 година.
