ЈАВЕН ПОВИК за лица заинтересирани за учество на обука „Како се пишува бизнис план“
Реизбран Градоначалникот на Кочани Г-дин Ратко Димитровски за Претседател на Советот за развој на Источен плански регион.
На 21 та редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион одржана на 31.08.2011 година во општина Пехчево како една од точките на дневен ред беше и избор-реизбор на нов Претседател на Советот за развој на Источен плански регион.
Јавен повик за практиканти
Проекти реализирани во 2010 и 2011 година од Програмата за развој на планските региони за 2009 година
Согласно Одлука на Владата на Република Македонија бр. 19-6333/1 од 15 декември 2009 година за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2009 година. ( Службен весник на Република Македонија бр.150 од 17 Декември 2009 година) и Договорот за реализација на проекти во Источен плански регион склучен помеѓу МЛС – БРР и Центарот за развој на Источен плански регион од 18.12. 2009 година, во партнерство со засегнатите општини од регионот, Центарот во 2010 и 2011 година ги реализираше следните проекти:
Continue readingКреирање на работни места преку Практикантска работа
„Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија“
На ден 31 март 2011 година во општина Кочани под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во хотелот „Национал“ Кочани се одржа презентација под наслов „Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија“. Целта на презентацијата е да ги промовира геотермалните потенцијали во Р. Македонија, со посебен акцент на Кочанската Котлина и условите што ги нуди Општина Кочани за инвестирање во искористувањето на геотермалните води. Претставување од областа на геотермалната енергија имаа професори од Универзитетите „Свети Кирил и Методиј“ Скопје и „Гоце Делчев Штип“, чии трудови беа составен дел на трудот со под наслов „Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија”.
Работилница за дефинирање на патеката на желзната завеса во Источниот плански регион
На 25 март 2011 година во општина Пехчево се одржа состанок во врска со Проектот „The Balkan Velo Trail – BVT-13”, на кој се дискутираше за идните активности кои треба да бидат превземени од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион и партнерските општини за претстојната работилница која ќе се одржи во Сандански-Р.Бугарија. Центарот за развој на Источниот плански регион во овој Проект се јавува како партнер заедно со Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
Continue readingЈавна расправа за физибилити Студијата во месноста Арамиска чешма
На ден 24.03.2011 година во хотел “Национал” се одржа јавна расправа заизработената физибилити студија со идејно решение за изградба на мала акумулација во месноста Арамиска чешма .Физибилити студијата ја презентираше Влатко Димитровски од консалтинг куќа Чакар & Партнерс како дадена проектна задача од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион. По одржаната презентација од присутните во салата се разви богата дискусија при што дискутантите дадоа свои согледувања и забелешки. На дел од нив изработувачот даде одговор а дел остана дополнително да се изјасни писмено, односно прифатливите да се вметнат во самата Студија.