Skip to content

Month: јули 2009

Потпишани меморандуми за разбирање и соработка

 

altНа 24. 07. 2009 година Центарот за развој на Источен плански регион претставуван од Раководителот Драгица Здравева и Центарот за одржлив развој АЛКА претставуван од директорот Џипунов Жарко потпишаа Меморандум за соработка.
Заедничката соработка е во насока на градење на капацитетите за локално и регионално партнерство, мобилизација на потенцијалите и развивање одржливи стратегии за решавање на проблемите. Страните потписнички се согласни меѓусебно да соработуваат во процесот на имплементација на активностите за одржлив регионален развој кои се одвиваат на територијата на Источниот плански регион.

Прочитајте повеќе

Работна посета на Градоначалниците од Источниот и Југоисточниот плански регион на Р. Германија

 

altОд 21 до 27 јуни 2009 година, Градоначалниците од Источниот  и Југоисточниот плански регион остварија студиско патување во Република Германија во  регионот на Саксонија.
Со посета на Единици на Локална Самоуправа,  компании од бизнис секторот,  инститиуции на локално и регионално ниво, Градоначалниците имаа прилика да се запознаат со добри практики, кои би можеле да се имплементираат и во наши услови.

Прочитајте повеќе

Четврта Седница на Советот за развој на Источен плански регион

altНа 06.07.2009 година во мотел „Слив“-Виница, Советот за развој на Источен плански регион, ја одржа својата четврта Седница. 
Главна точка на дневен ред беше расправата по можни Предлог-проекти поднесени од страна на Центарот за развој на Источен плански регион и Единиците на Локална Самоуправа, со цел определување приоритети кои би биле предмет на понатамошна разработка и имплементација.

Прочитајте повеќе