На 05 декември 2019 година во општинската сала на Совет во општина Белица, Р. Бугарија, се одржа првата промотивна прес конференција за реализација на проект „Културен мост низ вековите“.
На прес конференцијата присуствуваа претставници од двете проектни партнери, медиуми од Македонија, претставници од неколку општини од Источниот плански регион како и претставници од општина Белица. Од страна на проектните тимови беа презентирани активностите и целите на проектот, а свои поздравни обраќања имаа и претставниците на Народното Читалиште „Георги Тодоров 1885“ и Центарот за развој на Источниот плански регион.
Проектот „Културен мост низ вековите“ се финансира во рамки на INTERREG-IPA Програма за меѓугранична соработка помеѓу Р.Бугарија – Р.С. Македонија 2014-2020, во која Водечки партнер е Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица и Центар за развој на Источен плански регион, општина Штип, како проектен партнер два.
Проектот е ориентиран кон специфични потреби како што се социјализација на туристичките локации и за нивен соодветен пристап за посета, промоција на туристички атракции од различен вид, зголемување на квалитетот на туристичките информации и услуги, поголема соработка на сите нивоа во сферата на културата и туризмот – локални власти, бизнис. Стратегијата за спроведување на проектот е засновано врз меѓусебен стратешки пристап за воведување на културно наследство и промовирање на културните традиции што ќе доведат до создавање услови за развој на туристички дестинации со користење на зачувано културно наследство.
Вкупната вредност на проектот е околу 406 000 евра.
No comment yet, add your voice below!