На 10 декември 2019 година во кабинетот на градоначалникот на општина Штип се потпиша договорот за заедничка соработка за реализација на проект „Намалување на јаглеродниот отпечаток на општина Штип“.
Договорот за заедничка реализација на проектот го потпишаа раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, градоначалникот на општина Штип Благој Бочварски и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Блажо Боев. Во рамките на проектот како партнери се јавуваат и детските градинки, основните и средните училишта и јавните комунални претпријатија.
Целта на проектот е вклучување на општина Штип кон глобалната иницијатива за намалување на загадувањето на атмосферата со стакленички гасови и зачувување на здравјето на населението преку намалување на емисија од стакленички гасови и производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Вкупната вредност на проектот е околу 10 милиони евра и истиот ќе се поднесе за финансирање од „Зелениот климатски фонд“, иницијатива поддржана од ООН.
No comment yet, add your voice below!