Во Кочани, Виница и Зрновци беа поставени првите агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури во Источен пласки регион.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2.169.00,00 денари без ДДВ преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Со поставувањето на агрометеоролошките станици ќе им се обезбедат информации на земјоделците за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и да ги планираат сите агротехнички мерки што треба да ги преземаат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат станиците ќе ги мерат температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата. Ќе се изработи и веб-платформа преку која земјоделците ќе добиваат информации за можната појава на болести кај растенијата под влијание на временските услови.
Имплементацијата на овој проект ќе продолжи и во останатите општини во Источниот регион, а со тоа сите единаесет општини ќе добијат по една Агрометеоролошка станица за заштита на земјоделски култури и животна средина.
No comment yet, add your voice below!