Потпишан Договор – Пренамена и реконструкција на „Tурска бања“ во општина Виница
Центарот за развој на Источен плански регион на 9 Мај 2014 година (петок) потпиша Договор со ДПТГУ ДАМА - 2 Доо Виница за реконструкција и пренамена на постојниот објект “Турски бањи”, во значаен културен центар. Во сутеренот на објектот е предвидена галерија за организирање на изложби и експонати од Виничко Кале, со уреди за видео надзор на археолошкиот локалитет Виничко Кале.