Month: септември 2017
Покана за работилница
Конференција за „Политиките за рамномерен регионален развој“
На 6 септември 2017 година во Хотел Александар Палас во Скопје се одржа Конференција за „Политиките за рамномерен регионален развој“ која претставува завршен настан на проектот „Алијанса за регионален развој“, спроведуван од Форум - Центар за стратешки истражувања и развој, Скопје и Младински инициијативи за дијалог и соработка, Битола.
Работилница со цел развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница
Програмата за зачувување на природата во Македонија, фаза 2, проект финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка, а координиран од Фармахем‐Скопје во којшто стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион и 11-те општини од регионот и Македонско еколошко друштво, имплементирачки партнер на ПЗП, на ден 31-ви август 2017 година (четврток), во хотел „Изгрев“ во Штип организираа работилница со цел развој на три различни сценарија за заштитени подрачја во сливот на река Брегалница.Една од главните активности е воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница.
