Потпишан договор за реализација на проект „Изградба на дел од ул. „1“ во Индустриска зона „Чуката“ во Пехчево“
На 22 март 2019 година во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Стоименов ДОО Кочани за реализација на проектот „Изградба на дел од ул. „1“ во Индустриска зона „Чуката“ во Пехчево“.

На 18 март 2019 година во општина Делчево се организираше работилница за стандарди во туризмот и категоризација на објекти, во рамки на воспоставеното Координативно тело за развој на туризмот во Источен плански регион.
На ден 12.03.2019 година се одржа деветтата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Карбинци.