Одржана XIV (Четиринаесетта) итна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Одржана XIV (Четиринаесетта) итна Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 22.12.2023 година, во општина Виница, ја одржа XIV (Четиринаесеттата) Седница.

На Седницата Советот донесе:
– Одлука за одбивање на концепт решенија;
– Одлука за преотстапување на изграден објект „Реконструкција на Сина сала при Дом на култура Тошо Арсов – Виница“;
– Одлука за преотстапување на изграден објект „Уредување на рекреативен центар во туристичка населба Равна река – I и II фаза“;
– Одлука за усвојување на Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2023 година;
– Одлука за усвојување на Финансиски план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2024 година;
– Одлука за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански регион за 2024 година;
– Акционен план за 2024 година за спроведување на Програмата за развој на Источен плански регион 2021 -2026 година и
– Даде Согласност за склучување на Договор за отстапување на привремен агенциски работник за вршење на привремени работи / Известување за обезбедени финансиски средства. 

Галерија

Одржана Втора форумска сесија во Источен плански регион

Одржана Втора форумска сесија во Источен плански регион

Центарот за развој на Источен плански регион, денес ја спроведе Втората регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на предлог – проекти за финансирање од Програмата за развој на планските региони за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година, што се спроведува преку Министерство за локална самоуправа и Биро за регионален развој.

На денешната втора форумска сесија присутните претставници од сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот, од страна на надворешниот експер беа презентирани cost-benefit анализите за идентификуваните регионални предлог-концепти, кои претходно беа одобрени на ХIV-тата Седница на Советот за развој на Источен плански регион.

Учесниците на форумската сесија во вториот дел од сесијата, извршија бодување по работни маси, по пат на гласање ги рангираа предлог – концептите на следниот начин:

1. „Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР)“, 26 поени;

2. „Унапредување на енергетската ефикасност во регионот преку замена на јавно улично осветлување со ЛЕД осветлување“, 19 поени;

3. „Унапредување во заштитата на животната средина преку опремување со возила за собирање на смет и за одржување на јавна хигиена во регионот“, 14 поени и

4. Регионален центар за згрижување и контрола на популацијата на кучиња скитници и ветеринарно здравство во Источен плански регион (изработка на комплетна техничка документација), 11 поени.

Со ова, Центарот за развој на Источен плански регион  го заокружува процесот на регионални консултации за регионални проекти од важност за регионот, за кои во текот на следната година ќе се подготвуваат формулари за аплицирање до Бирото за регионален развој.

Следните чекори во процесот предвидуваат презентација на резултатите од Втората форумска сесија на следната седница на Советот за развој на Источен плански регион, кој што треба да резултира со донесување на Одлука за приоритетност на идентификуваните регионални предлог-проекти од форумскиот процес.

На двете форумски сесии учествуваа над 120 учесници кои што со своите предлози и дискусии помогнаа за насочување на развојот на регионот во следната година.

Регионалните форуми се спроведуваат во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – втора фаза“ и се финансиски поддржани од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка. 

Галерија

Одржана Прва форумска сесија во Источен плански регион

Одржана Прва форумска сесија во Источен плански регион
Денес се одржа Првата регионална форумска сесија во Хотел Изгрев – Штип, за избор на приоритетни области за регионални проекти, кои би биле аплицирани за финансирање од Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година со индикативно планирани средства за 2025 година. По запознавање на учесниците со форумскиот процес и правилата на истиот, во првиот форумски дел, форумот ја донесе првата одлука за избор на приоритетни области, беа избрани:
  1. Одржливо управување со животната средина и природните ресурси, поддржана од 34 учесници и
  2. Обезбедување на квалитетни и инклузивни социјални, образовни и здравствени услуги, поддржана од 24 учесници.
На првата регионална форумска сесија на 7 (седум) работни маси се дискутираа приоритетни регионални проблеми поврзани со избраните области и од страна на учесниците беа предложени решенија за истите. На првата форумска сесија учество зедоа над 70 учесници претставници од општинските администрации, јавни институции, невладин и бизнис сектор и останати заинтересирани страни од Источниот плански регион. Од овој форумски циклус се очекува да бидат идентификувани и поддржани проекти од регионално значење во висина од 47-50 милиони денари, средства што ќе се обезбедат од националниот буџет.

Галерија

Потпишани договори за реализација на регионални проекти за развој на Источниот плански регион за 2023 – 2024 година

На 27 ноември 2023 година, Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Рамиз Реџепи и Директорот на Центарот за развој на Источен плански регион Г-ѓа Зујица Ангелова, ги потпишаа Договорите за финансирање на регионални проекти за развој на Источниот плански регион. Средствата во висина од 49,6 милиони денари се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Истовремено, обезбедени се и средства во висина од 6.3 милиони денари, ко-финансирање од страна на општините, крајни корисници во проектите. Во 2024 година во Источниот плански регион ќе се работи на: 1. Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во 5 (пет) општини од Источниот плански регион. Во рамки на проектот ќе бидат инсталирани 2 фото напонски централи во општина Штип, 3 фото напонски централи во општина Карбинци, 3 фото напонски централи во општина Кочани, 1 фото напонска централа во општина Виница и 3 фото напонски централи во општина Македонска Каменица. Со проектот ќе бидат опфатени 13 јавни објекти од регионот. 2. Збогатување на туристичката понуда во Источниот плански регион. Во рамки на проектот се предвидува изградба на 3 (три) пешачко-велосипедска патека на Беровско Езеро, доуредување на барски екосистем Езерце во општина Пехчево - III фаза, изградба на рекреативен комплекс во с. Пишица, Општина Пробиштип и поплочување на улици во автентичен стил во населба Ново Село - II фаза. 3. Подобрување на условите за развој на туризмот во Источниот плански регион со обезбеден дел од средства ќе биде резервен проект за овој програмски период. Дополнително, од заштедените средства од Програмата за развој на планските региони за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, беше потпишан и анекс на Договорот за реализација на проектот “Подобрување на условите за развој на планинско - рекреативен туризам – Уредување на СРЦ Пониква”. Целта на Програмата за рамномерен регионален развој е подобрување на благосостојбата во сите осум плански региони, намалување на регионалните диспаритети и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата. Средствата ќе бидат максимално и одговорно искористени - сé со цел одржлив развој на регионот и подобар живот за граѓаните на Источниот плански регион!
На 27 ноември 2023 година, Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Рамиз Реџепи и Директорот на Центарот за развој на Источен плански регион Г-ѓа Зујица Ангелова, ги потпишаа Договорите за финансирање на регионални проекти за развој на Источниот плански регион. Средствата во висина од 49,6 милиони денари се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. Истовремено, обезбедени се и средства во висина од 6.3 милиони денари, ко-финансирање од страна на општините, крајни корисници во проектите. Во 2024 година во Источниот плански регион ќе се работи на:
  1. Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во 5 (пет) општини од Источниот плански регион. Во рамки на проектот ќе бидат инсталирани 2 фото напонски централи во општина Штип, 3 фото напонски централи во општина Карбинци, 3 фото напонски централи во општина Кочани, 1 фото напонска централа во општина Виница и 3 фото напонски централи во општина Македонска Каменица. Со проектот ќе бидат опфатени 13 јавни објекти од регионот.
  2. Збогатување на туристичката понуда во Источниот плански регион. Во рамки на проектот се предвидува изградба на 3 (три) пешачко-велосипедска патека на Беровско Езеро, доуредување на барски екосистем Езерце во општина Пехчево – III фаза, изградба на рекреативен комплекс во с. Пишица, Општина Пробиштип и  поплочување на улици во автентичен стил во населба Ново Село – II фаза.
  3. Подобрување на условите за развој на туризмот во Источниот плански регион со обезбеден дел од средства ќе биде резервен проект за овој програмски период.
Дополнително, од заштедените средства од Програмата за развој на планските региони за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, беше потпишан и анекс на Договорот за реализација на проектот “Подобрување на условите за развој на планинско – рекреативен туризам – Уредување на СРЦ Пониква”. Целта на Програмата за рамномерен регионален развој е подобрување на благосостојбата во сите осум плански региони, намалување на регионалните диспаритети и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните преку остварување на рамномерен и одржлив развој на целата територија на државата. Средствата ќе бидат максимално и одговорно искористени – сé со цел одржлив развој на регионот и подобар живот за граѓаните на Источниот плански регион!

Галерија

Одржана XIII (Тринаесета) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Одржана XIII (Тринаесета) Седница на Советот за развој на Источен плански регион
Советот за развој на Источен плански регион, на ден 07.11.2023 година, во општина Кочани, ја одржа XIII (Тринаесетата) Седница. На Седницата Советот донесе: – Одлука за преотстапување на изграден објект „Партерно уредување во склоп на објект “Дом на млади“ – Штип“; – Правилник за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источен плански регион; – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во стручната служба на Центар за развој на Источен плански ергион за 2023 година; – Одлука за усвојување на Финансиски план за изменување на Финансискиот план на Центарот за развој на Источен плански регион за 2023 година;. На Седницата за Претседател на Советот за развој на Источен плански регион, со мандат од  1 (една) година, сметано од 21.11.2023 година, без право на повторен избор во тековниот мандат, е избран Миле Петков, Градоначалник на општина Виница.

Галерија

Работилница за обука на вработени во администрација на општините во ИПР

Работилница за обука на вработени во администрација на општините во ИПР
На ден 3-ти ноември (петок) во х.Амор во Кочани се реализира работилница во рамки на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“. Целта е зајакнување на капацитетите на вработените во општинските администрации во областите на: стручното образование, образованието за возрасни, пазарот на труд и вработливоста на младите во реалниот сектор. Проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието на возрасни“ е финансиран од  ИПА фондовите на ЕУ. Во рамки на проектот е изготвена Анализа на потребите за обука на вработените во администрацијата во ЕЛС во делот на стручното образование и обука и образованието на возрасни. Оваа анализа е основа за подготвениот детален Водич за организација на обуките кои се спровеле на ниво на сите плански региони и се реализираа преку 10 модули, од кои опфатени се околу 200 вработени од ЕЛС и од регионите задолжени за прашања од областа на образованието, вклучително и средното стручно образование и обука и образованието за возрасни.

Галерија

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2023 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој како надлежна институција и договорен орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни лица од Република Северна Македонија да достават барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 за следните мерки:

Мерка 1. Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства.
Мерка 7. Диверзификација на фармите и развој на бизниси

2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерката „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“.

Процентот се зголемува до 65% за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 годинина денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области и 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите мерката „Диверзификација на фармите и развој на бизниси “.

4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 октомври 2023 година

5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ изнесува 18.893.333,33 евра или 1.171.764.533,33 денари, додека за мерката 7 Диверзификација на фармите и развој на бизниси  11.400.000,00 евра односно 707.028.000,00 денари.

Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2021-2027 за мерката 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства или Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси придружна документација како што е наведена во овој Јавен Повик.

Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 или мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен оглас ИПАРД број 01/2023 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk  и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.

https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/9

Одржана XII (Дванаесета) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 06.09.2023 година, онлајн на виртуелната платформа ZOOM, ја одржа XII (Дванаесетата) Седница.

На Седницата Советот донесе Одлука за развој, разработка и имплементација на проектот “EcoScape: Трансформирање на урбаните делови со зелена инфраструктура, во кој Центарот за развој на Источен плански регион ќе учествува како проектен партнер во предлог – проектот, а ќе биде аплициран по првиот повик за поднесување на предлог проекти за инвестициски проекти со реф. бр. 2021TC16IPCB007 – 2023-3, во рамки на Програмата за прекугранична соработка Интеррег – ИПА Бугарија – Северна Македонија INTERREG VI-A IPA 2021-2027, по Приоритет 1. Позелен прекуграничен регион, специфична цел 1.1. Подобрување на заштитата и зачувањето на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучувајќи во урбаните подрачји и намалување на сите форми на загадување.

Одржана XI (Единасета) Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион, на ден 10.08.2022 година, во општина Чешиново – Облешево, ја одржа XI (Единаесетата) Седница. На Седницата се разгледуваа следниве Информации:
  • Информација за тековни активности на Центарот за развој на Источен плански регион;
  • Информација за склучување на Договор за заедничка реализација на проектот „Изработка на технички документации за унапредување и промоција на конкурентските предности на Источен плански регион“;
  • Информација за склучување на Договор за заедничка реализација на активноста „Одржување на агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина во ИПР“;
  • Информација за склучување на Договор за дополнителни средства за финансирање на задачите и активностите на Центар за развој на Источен плански регион за 2023 година.
На Седницата беше презентиран и отворениот повик за инвестициски проекти по приоритет 1 “Зелен прекуграничен регион“ (реф. Бр.2021TC16IPCB006-2023-3) во рамки на Програмата INTERREG VI-A ИПА Бугарија – Северна Македонија. На Седницата од страна на претставници од Ем Агриком беа презентирани продукти за третман на отпадна вода и цврст отпад на бава на ЕМ технологија.

Галерија

Официјално отворање на Градскиот пазар во општина Делчево

Официјално отворање на Градскиот пазар во општина Делчево
Новоизградениот градски пазар во општина Делчево и официјално е пуштен во употреба. Со реализацијата на овој проект се даде значителен придонес во создавањето на услови за подобар пласман и промоција на земјоделските и занаетчиските производи, како и за зголемување на обемот на трговија со други видови на производи и услуги. Општина Делчево, како најголема општина во микро-регионот Малеш-Пијанец, претставува економски центар, голем број на земјоделци и занаетчии гравитираат кон општината воедно и близината со соседна Република Бугарија ја прави истата атрактивна дестинација за Бугарските граѓани. Објектот градскиот пазар  со отворен и затворен дел има површина од 2410 м2, содржи продажен простор за земјоделски производи, 192 продажни пунктови и 18 дуќани. Втората фаза од изградбата на современиот градски пазар е имплементирана од страна на Центарот за развој на Источен плански регион со вкупен буџет од 28,5 милиони денари, финансиски поддржана од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година со индикативно планирани средства за 2022 година, финансирана од Министерство за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој и ко-финансирана од страна на општина Делчево како краен корисник на проектот.

Галерија